Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски постигна гол за реми од 1-1 на АЕК Ларнака и Гент во натпревар од квалификациите од Лига Европа.

Кипарскиот тим беше во негатива откако гостите поведоа преку Јаремчук во 26 минута. Тричковски по асистенцијата на Руиз реализираше со глава на две минути до крајот од регуларните 90 минути.

Реваншот во Белгија ќе се игра на 15 авугст а подобриот од двомечот на АЕК и на Гент во плеј-офот ќе игра со победникот од дуелот на Ријека и Абердин.