Македонскиот репрезентативен напаѓач, Иван Тричковски за АЕК Ларнака беше автор на два погодоци од белата точка во ремито против Омонија.

Интересно е што Тричковски покрај двата реализирани пенали имаше шанса од белата точка да постигне и трет погодок но голманот на Омонија го одбрани неговиот шут.

Ситуацијата беше поинаква во 40 и 98 минута кога Иван го надмудри ривалот што во случајот на крајот му донесе реми на клубот од Ларнака.

Нашиот ас со четири гола е на првото место на листата на стрелци.