Иван Тричковски постигна три гола за АЕК Ларнака но неговиот тим одигра нерешено со Паралимни Енозис 4-4.

Македонскиот репрезентативец погоди во  46.минута кога намали на 2-3, а потоа беше прецизен од два пенали, во 55. и во 65.минута, носејќи предност од 4-3, сепак средбата заврши без победник 4-4.

Тричковски со овие три гола сега има вкупно 9 сезонава за АЕК Ларнака.