Олимпијакос Никозија и АЕК Ларнака на Иван Тричковски одиграа нерешено 2-2 во шампионатот на Кипар.

Тричковски го постигна првиот гол за АЕК Ларнака во 10 минута за водство на својот тим кој не успеа да победи и освои само бод.

Тричковски е прв стрелец на Кипар со пет голови, АЕК Ларнака со овој освоен бод во моментов е на второто место во првенството.