Сасуоло го победи Лече со 4-2, нов ефикасен натпревар во калчото со шест погодоци.

Лече по овој пораз е поблиску до Серија Б, падна на 18 позиција на табелата, Сасуоло се зацврсти на средината, во моментов на 9 место.

Головите за Сасуоло ги постигнаа, Капуто, Берарди, Бога и Мулдур, за гостите погодија Луциони и Манкосу.

Голот на Капуто извонреден, погоди по само 5 минути игра, одличен лоб удар.