Навивачите на Олимпија Депортиво и на Мотагва физички се пресметале по што три лица починале а повеќе од десет се тешко повредени.

Медиумите од Хондурас потврдија дека се започнало со нападот со камења на автобусот во кој биле играчите на Мотагва. По ова тројца фудбалери завршиле во болница.

Повеќе од 5000 полицајци биле ангажирани за мечот кој бил прогласен за натпревар од висок ризик но и ова не било доволно за да се спречи трагичниот наста.

Локалното дерби во Тегусигалпа не се одиграло а последиците од бруталната пресметка на двете навивачки групи сеуште предизвикуваат нереди во близина на стадионот во Хондурас.