Натпреварот во третата турска лига, меѓу екипите на Афјонспор и 1922 Коњаспор (4:0), го одбележа тепачката меѓу навивачите.

Така барем мислеше полицаецот Енгин Чакин, кој беше повикан сосема сам да ја смири ситуацијата. Но, кога тој влезе среде гужвата, тепачката наеднаш престана и сите почнаа да ја пеат „Среќен роденден“.

Имено, навивачите дознаа дека полицаецот, кого добро го познаваат, има роденден и му приредија изненадување, кое кулминираше со торта.