Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 8-0 на гостувањето кај Англија во рамки на првото коло квалификациите за Светското првенство.

Натпреварот го отвори Туне во 12. минута, а кога се чинеше дека на полувремето ќе заминеме со негатива од само еден гол, Вајт во 42. минута донесе предност од 2-0, а со автоголот на Живиќ во 45. минута беше комплетиран првиот дел од натпреварот.

До крајот на мечот Ингланд донесе 7-0 во 90. минута, гол со кој Англичанката го комплетираше и хет-трикот, а конечниот резултат го постави Мид во првата минуда од судиското продолжение.