Откако ја совладаа Џенова, фудбалерите на Удинезе дополнително ја подигнаа играта и успеаа да го совладаат Лацио на „Олимпико“ со 3:1 во 9 коло од Серија А.

Арслан, Пусето и Форестиери ги постигнаа головите за гостинот, за Лацио прецизен беше Имовиле од пенал во 74 минута.

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски не беше во составот на Удинезе на денешниот натпревар во Рим.

Ова за Лацио беше прв пораз по оној од Сампдорија во 5 коло.