Илија Несторовски го забележа првиот натпревар за Удинезе во почениот состав во поразот од Парма од 1:3.

Удинезе поведе преку Кевин Ласања во 17 минута и за момент најави дека нема намера да ги разочара навивачите на „Дачиа Арена“.

Но Парма не мислеше така, па преку Жервињо на 2 минути до крајот од полувремето израмни на 1:1, асистент на голот беше Дејан Кулушевски.

Во трото полувреме уште два гола во мрежата на Мусо. Гаглиоло во 59 минута го реализираше пресвртот повторно по асистенција на Кулушевски.

Конечните 1:3 ги постави Инглесе во 75 минута.