Удинезе успеа да слави против Парма со 3:2 во 4 коло од Серија А во натпревар на кој нашиот репрезентативец, Илија Несторовски остана на клупата за резерви на домаќинот.

Парма поведе преку Хернани во 26 минута, за нерешено на полувреме се погрижи Самир со гол во 28 минута.

 

Во второто полувреме Удинезе поведе со 2:1 со автоголот на Лакопони.

Парма израмни во 70 преку Карамох.

Победникот беше одлучен во 89 минута кога Пусето го искористи додавањето на Окака за 3:2.