Удинезе и Аталанта одиграа нерешено1-1, заостанат натпревар од 10 рунда во Серија А, Илија Несторовски остана на клупата за резервни играчи.

Во Удине екипата на Удинезе поведе веќе во 25 секунда од мечот, само што тргнаа од ценарот домашните, погодија за водство преку Переира.

Аталанта израмни со голот на Муриел во 44 минута од првото полувреме. Удинезе со 17 бода е на 15 место, Аталанта со овој освоен бод сега има 33 и се наоѓа на високата 6 позиција.