Македонија битката за пласман на СП во Катар ќе ја продолжи против Италија во полуфиналето од баражот.

Успехот во квалификациите и освоеното второ место за нас значеше историја, на патот до успехот ја совладавме Ерменија на гости со 5:0, натпревар на кој Барди постигна три гола.

На овој момент потсетува УЕФА на официјалниот твитер профил.