Кристијано Роналдо предизвика бура на реакции со потегот со кој ја отстрани кока-колата од масата за прес конференции.

Португалецот според некои постапил исправно, според други фанови тоа е непристоен потег, Роналдо доби одговор од Украина, репрезентативецот на оваа земја, Андриј Јармоленко со потег кој се прераскажува.

„Може да направам нешто? Го видов Роналдо како ја отстранува кока-колата од масата, јас ќе ги ставам поблиску до мене, на потег сте сега вие, кока-кола и Хајнекен, контактирајте ме“ – се пошегува Јармоленко.