Репрезентацијата на Унгарија успеа да остане непоразена против актуелниот светски шампион, и фаворит број еден за освојување на ЕУРО 2020 , репрезентацијата на Франција.

Унгарците храбро се бореа , и сосема заслужено се изборија за реми против непрепознатливата Франција која иако го имаше поседот на топката, и вршеше константен притисок на голот на Унгарците, не успеа да слави денес.

Се играше 2 минута од судиското надополнување , а Атила Фиола брилијантно ја проби одбраната на „триколорите“ и го матираше Лорис во долниот десен агол.

Во вториот дел Франција почна поактивно на ја брка негативата, и од првата посериозна шанса успеа да израмни на 1-1. Мбапе проби по десната страна , го забележа Гриезман во средината на казнениот простор, на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

До крајот на мечот остана резултатот 1-1 со кој Франција се искачи на првото место во групата со 4 поени , а за Унгарија ова беше прв поен , по поразот од Португалија.