Веста за доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Рома изненади многумина, вклучувајќи го и тренерот на Интер, Антонио Конте.

Конте заврши одлична работа со „нероазурите“ оваа сезона, бидејќи на четири кола пред крајот ја обезбедија титулата во Серија А.

Следната сезона Мурињо ќе му биде ривал, кој потпиша тригодишен договор со Рома.

Денес на Интернет кружеше реакцијата на Конте кога дозна дека Португалецот станува шеф на стручниот штаб на „волчицата“. Прво, тој не веруваше во тоа, а потоа новинарот му го покажа официјалното соопштение на Рома.

“Дали тој потпиша? Да? Тоа е одлична вест за сите! Му посакувам се најдобро, освен кога игра против Интер”, рече Конте низ смеа.