На Лионел Меси и тоа како му дојде добро одморот после напорната сезона со Барселона, која се продолжи со Аргентина на Копа Америка.

Аргентинецот со семејството беше на Мајами, а потоа и на Карибите.

Колку уживаше, тој покажуваше и на социјалните мрежи.

Едно од видеата што ги објави е како игра фудбал со своите синови. Шоуто го украде петгодишниот Матео, кој покажа дека има дел од талентот на својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)