Двата гола на креативецот на Ливерпул, Вајналдум беа доволни за Холандија да ја победи Белорусија со 2:1 во 6 коло од групата Ц во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Утре во оваа група, Германија ќе и гостува на Естонија и со евентуална победа, селекцијата фаворит во оваа конкуренција може да се врати на лидерската позиција на табелата.

 

Во И Конкуренцијата, Русија славеше убедлива гостинска победа над Кипар од 5:0 додека Шкотска очекувано го декласираше Сан Марино со 6:0.

Со денешната победа, „Зборнаја“ го завери својот пласман на ЕУРО 2020.