Фудбалерите на Валенсија конечно се израдуваа на триумф во Ла Лига откако го совладаа Валјадолид со 2:1 во 35 коло од Ла Лига.

По голот на Гомез и водството на домаќините во 30 минута, Валјадолид возврати преку Гарсија во 47 минута.

Конечните 2:1 ги постави Ли Кангин во 89 минута по додавањето од Кондогбиа.