Алавес и Валенсија одиграа 1-1, прв натпревар од 27 коло во Ла Лига.

Валенсија поведе со голот на Дани Парехо, маестрален гол од слободен удар во 34 минута.

Домашните не се предадоа, стигнаа до израмнување преку Мендез во 73 минута за бод од оваа средба.

Валенсија на ја оправда фаворитската улога на оваа средба, освои само бод со кој сега има 42 со кои се наоѓа на 7. место. Алавес со 10 бода помалку од Валенсија е на 11. место.

Следно за Валенсија е средбата со Леванте во градското дерби во Ла Лига.