Фудбалерите на Гетафе ја запишаа четвратата победа во низа во Ла лига откако ја совладаа Валенсија со 3:0 во натпревар од 23 коло.

Првото полувреме завшри без голови но во вториот дел работите беа тотално на страната на домаќините.

Молина во 58 и во 67 минута реализираше за 2:0 за Гетафе а конечните 3:0 беа дело на Мата во 88 минута.

 

 

Валенсија натпреварот го заврши со играч помалку откако директен црвен картон заработи новото засилување на „Лилјаците“, Флорензи во 78 минута.

Во следното коло, Гетафе ќе и гостува на Барселона а Валенсија е домаќин на Атлетико Мадрид.