Кристал Палас победи со 2:1 во дуелот со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во 3 коло од Премиер лигата. За прв пат по 29 години овој клуб си замина со 3 бода од госутвање кај „Црвените ѓаволи“.

Џордан Ају по 32 минути по асиснтецијата на Шлуп му донесе водство на гостинот и на пауза замина со предност од 1:0.

Во второто полувреме, Рашфорд не искиристи шанса од белата точка во 69 минута по што Џејмс донесе израмнување на 1 минута до крајот на регуларниот дел.

 

;

Во судиското надополнување од 5 минути, гостите во 93 минута преку левиот бек Ван Анхолд дојдоа до нова предност и победа од 2:1.