Ливерпул на полувреме има минимална предност против Манчестер Јунајтед во дербито на 23.коло од англиската Премиер Лига.

Стрелец на погодокот е столбот на одбраната на „црвените“ Вирџил Ван Дајк, кој по еден корнер на Александар Арнолд највисоко скокна во шеснаестерецот на Јунајтед и ја заби со глава топката во мрежата на Де Хеа.