Ливерпул загуби од Херта со 4:3 на пријателскиот натпревар но во составот на Клоп се врати Вирџил Ван Дијк кој поради повреда на коленото беше во ауот од минатата есен.

„Пред 285 дена, го почнав патот кон враќање на играњето. Тешко е да се опише како се чувствувам, но важано ми е да кажам дека се чувствувам благословено што имав поддршка од толку многу неверојатни луѓе. Хирургот, моите физеотерапевти, тренерите и персоналот кои беа со мене од првиот ден. Моите соиграчи кои ми даваа енергија, фановите за нивната љубов, поддршка и кураж. И најмногу од сите, мојата фамилија бидејќи без нив ќе бев ништо. Ви благодарам. Работата не запира сега. Ова е само почеток. Одиме напред“, изјави Ван Дајк.

Кам бек по подолга пауза имаше и Џо Гомез.