Златан Ибрахимовиќ стана дел сопствениците на Хамарби од Шведска, откупи 25% од овој клуб и ги налути навивачите на Малме, неговиот прв клуб во кариерата.

Неодамна, Ибрахимовиќ како благодарност за се што напарави во клубот Малме, доби статуа пред новиот стадион која изгоре во пламен како „освета“ за финансиските вложувања во ривалскиот клуб Хамарби.

Навивачите на Мамле прво ставија ВЦ школка на статуата на Ибрахимовиќ а потоа и ја запалија во знак на незадоволство и револт од потегот на Ибрахимовиќ.