Лидс и Манчестер Јунајтед одиграа без голови во натпреварот од 33 коло во Премиер лигата, по кој ВАР е одново на удар на навивачите, овојпат на оние кои навиваат за денешниот домаќин.

Лук Шо играше со рака во шеснаесетникот во 20 минута, но и покрај проверката од ВАР собата, домаќините не добија пенал.

Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс и се покажа во одлични издание во дуелите со Џејмс и Гринвуд.

Фаворитот имаше повеќе изгледни шанси преку Фернандес, Рашфорд и Гринвуд додека домаќините за малку не реализираа по ударите на Коста и на Кликх.

Standings provided by SofaScore LiveScore