Барнли и Арсенал одиграа нерешено 1:1. Арсенал поведе по само осум минути со голот на Пјер Емерик Аубамејанг по асистенција на Вилијан.

Во 39 минутата по катастрофалната грешка на Гранит Џака, Крис Вуд донесе израмнување за својот тим.

Сепак „топџиите“ се оштетени за пенал, ВАР како да не функционира во Премиер лигата, во 75. минута Пепе сакаше имаше обид да шутира кон голот на Барнли, топката два пати удри во раката на Питерс, но ВАР-системот како и судијата Маринер останаа без реакција.