Градското дерби од 21 коло меѓу Вардар и Работнички заврши без голови и со ова „Романтичарите“ успешно ја продолжија низата без пораз во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

Вардар не искористи шанса од белата точка во 96 минута по играта со рака од Пецов. Мицевски не успеа да го совлада Јанков па натпреварот заврши 0:0.

Вардар пак со ова реми ја продолжи низата без пораз која трае од 14 коло во нашето најсилно фудбалско првенство. Ова за Работнички беше прв освоен бод против Вардар по двата порази во низа од 2:0.

На вториот натпревар одигран попладнево од 21 коло од ПМФЛ, Струга ТЛ и Силекс ремизираа 0:0 и со ова тимот од Кратово ја задржи третата позиција на табелата, Струга сега е на седмото место.

Утре Шкупи ја дочекува Ренова, Академија Пандев е домаќин на Борец а Македонија ЃП ќе и гостува на Шкендија.

Сите натрепвари се играат без присуство на публика по препорака на Владата на РСМ поради опасноста од Корона вирусот.