Дербито меѓу Вардар и Шкендија во воведната рунда од 1/8 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија заврши без победник, 2:2.

Гостинот преку Имери и Ибраими се погрижи за предност по првото полувреме од 2:0 во кое остана и без исклучениот Мичи.

Во второто полувреме Колевски и Жуниор му донесоа израмнување на Вардар за конечни 2:2.

 

Реваншот во Тетово се закажан за 30 септември.

На останатите натпревари одиграни денеска од 1/8 финалето:

Академија Пандев – Осогово 3:0

Пелистер – Работнички 1:1

Шкупи – Силекс 0:0

Тиквеш – Ренова 0:2

Борец – Струга Трим Лум 0:0

Брегалница – Македонија ЃП 1:0

Лабуништа – Охрид 2:0