Фудбалерите на Вардар славеа на гостувањето кај Борец во воведниот натпревар од 20 коло во ПМФЛ и со ова му го нанесоа првиот пораз на прволигашот од Велес на домашен терен по 19 месеци.

Даниел Аврамовски се врати во почетниот состав на Александар Васовски и веднаш одговори со реализација, десета за него оваа сезона во нашето најсилно фудбалско првенство.

Македонскиот репрезентативец во 33 минута го постигна единствениот гол на натпреварот на Градскиот стадион во Велес.

Ова за Вардар беше 12 овосезонска победа а за Борец десети пораз во оваа сезона по кој останаа на осмото место на табелата.

Утре во рамките на 20 коло од ПМФЛ:

14:00 Силекс – Шкендија
14:00 Македонија ЃП – Академија Пандев
14:00 Работнички – Шкупи
14:00 Ренова – Струга ТЛ