Фудбалерите на Вардар се вратија од подготовките во Анталија.

Најверните навивачи, „Комитите“, ги дочекаа вардарци за да им дадат поддршка во тешките денови што го очекуваат клубот, по сознанието дека сопственикот Сергеј Самсоненко повеќе нема да го финансира клубот.

„Комитите “ уште еднаш покажаа дека нивната љубов нема граници и дека ќе бидат со Вардар, каква и да му е судбината.