Вардар ги реши сите дилеми во првото полувреме и успеа да слави со 0:3 на гостувањето кај Тетекс во Тетово.

Водство за Вардар донесе Филип Петковски во 14-тата минута,

На 2:0 зголеми Вилдам Керим во 28-та минута.

А третиот гол го постигна Дејан Блажевски.

Во останатите мечеви од Втората лига Запад, Силекс минимално славеше над Беса со 1:0, Кадино на домашен терен беше поразен од Велешта со истиот резултат, Воска Спорт успеа со 1:2 да слави во градското дерби со Охрид Лихнидос, Гостивар беше подобар со 4:2 против Корави.

Во Втората лига Исток, Братство со 2:1 беше подобар од Каменица Саса, Слога 1934 со истиот резултат славеше против Кожуф, Кит- Го Пехчево со 0:3 славеше кај Осогово, Беласица со 0:2 славеше против Локомотива, Победа минимално со 1:0 славеше против Детонит Јуниор.