Актуелниот првак Вардар ја запиша и втората победа во серија, откако попладнево во воведниот натпревар од 13 коло во ПМФЛ славеше на домашен терен против Академија Пандев со 2-0.

Головите на одлука на арената „Тодор Проески“ паднаа во вториот дел, откако во првите 45 минути мрежите мируваа и на двете страни.

Вардар дојде во водство во 53 минута преку Цветановски, кој го запиша својот трет гол сезонава.

Само седум минути подоцна, Петровиќ фаулираше во казнениот простор, но  Илиќ со прекрасна интервенција го одбрани ударот на Велиновски од белата точка.

Казната стигна на шест минути пред крајот кога Петковски стави печат на триумфот на „црвено – црните“.