Фудбалерите на Вест Бромвич и Вулверхемптон одиграа нерешено 1:1 во претпоследниот натпревар од 34. коло во Премиер лигата.

Домашниот тим практично ја испушти последната шанса посериозно да се вклучи во борбата за опстанок.

Тимот на Сем Алердаис сè уште не е  математички,испаднат  но доколку Њукасл и Барнли остварат барем еден триумф на преостанатите четири натпревари, тие ќе се преселат во Чемпионшип.

Вулверхемптон веројатно очекуваше подобра сезона, па ова 12-то место со 42 бода не е нешто што ја радува многу Нуно Еспирито Санто.

На овој натпревар поведоа по одлична акција, но и среќен погодок на Фабио Силва во продолжението на првиот дел.

Конечните 1: 1 ги постави Мбаје Дијање во 62-та минута по центаршутот на Таунсенд.