Со двата гола на Арон Рамси, селекцијата на Велс обезбеди учество на Европското првенство закажано за следното лето.

Момците предводени од Рајан Гигс го остварија планот, ја совладаа Унгарија со 2:0 и со ова како второпласирани во групата Е обезбедија учество на континелалниот собир.

Од оваа конкуренција првото место го освои Хрватска.

Од останатите натпревари одиграни вечерва ја издвојуваме победата на Летонија над Австстија од 1:0 и убедливите победи на Германија над Северна Ирска од 6:1 и онаа на Холандија над Естонија од 5:0.

Ова е комплетната листа на селекции кои обезбедија учество на ЕУРО 2020 преку стандардните квалификации: