Стоперот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф спречил поголема караница меѓу Погба и Лингард пред денешниот попладневен тренинг. Ова го потврдија островски медиуми и за утре најавија нови детали за денешната препирка меѓу двајцата играчи на Манчестер Јунајтед.

Погба посакува трансфер во Реал Мадрид, ова е причината поради која плејмејкер не е повеќе меѓу омилените во соблекувалната на Солскјер.

Според шпанска Марка, Погба до крајот на оваа недела сепак ќе биде преставен како ново засилување на Кралевите кои допрва треба да достават нова подобрена понуда за ангажман на играчот за врска.