Фудбалерите на Волфзбург славеа на гостувањето кај Вердер Бремен со 1:0 во 30 коло од Бундес лигата. Со оваа победа „Волците“ го задржија шестото место на табелата кое води во квалификациите за Лигата на Европа на УЕФА.

Единствениот гол на мечот го постигна Венгхорст во 82 минута по асистенцијата на Клаус. Типична завршница за најдобриот стрелец оваа сезона во редовите на „Волците“, ова за него беше 12 овосезонски гол во елитата на Германија.

Во следното коло Волфзбург ќе го дочека Фрајбург, а Вердер Бремен ќе гостува кај Падерборн.