Рома со пресврт дојде до триумф против Парма 2-1, гостите поведоа но потоа потклекнаа на „Олимпико“ во Рим.

Парма поведе со голот на Куцка од пенал во 9 минута. Михтарјан пред крајот на првиот дел израмни на 1-1.

Во второто полувреме, еврогол постигна Верето за пресврт победа на „волчицата“.

На останатите средби вечерва, Аталната ја совлада  Сампдорија со 2-0 во Бергамо, Болоња -Сасуоло 1-2 и Торино – Бреша 3-1.