Македонија загуби од Германија со 4:0 на натпреварот од осмото коло од групата Ј во квалификациите за СП во Катар.

Откако во првото полувреме го загубивме Адеми, во вториот дел тоа Германија најде начин да го казни.

Хаверц погоди во 50 минута,  на што следуваа два гола на Вернер во 70 и 73 минута.

На 4:0 зголеми младиот но талентиран Мусиала во 84 минута.

Од нашата група, вечерва, Исланд славеше над Лихтејнштајн со 4:0 а Романија ја совлада Ерменија со 1:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во следното коло од квалификациите Македонија гостува кај Ерменија а во последното го дочекува Исланд.