Екипата на Челзи славеше во дуелот со Вест Хем , во рамките од 33.коло од Англиската Премиер лига.

Иако дадоа само еден гол, „сините“ можеа многу лесно и поубедливо да победат.

Вернер го реши натпреварот со гол во 43. минута, но во 55. имаше и неверојатно промашување. Фабијански лошо одби топка на неколку метри, а Вернер наместо да ја смести во мрежата биеше крај голот.

 

Овој потег предизвика урнебесна реакција од Томас Тухел која ги насмеа фановите.

 

За среќа на Челзи, резултатот не беше променет до крајот и победија кај Вест Хем со што се искачија на 4. место.