Во последниот натпревар од 6 коло во италијанската Серија А, Верона славеше дома над Беневенто со 3-1.

Двоен стрелец за домаќините беше Чехот Барак, кој ги запиша првите голови сезонава во калчото.

 

Чехот беше прецизен во 17 и 63 минута, откако претходно Лападула во 56 минута го израмни резултатот за гостите, кои мечот го завршја со десет играчи по исклучувањето на Капрари.

Конечните 3-1 ги постави српскиот интернационалец Дарко Лазовиќ.