Фудбалерите на Верона се израдуваа на голема победа откако пред своите навивачи го победија актуелниот првак, Јувентус со 2:1.

„Старата Дама“ поведе со голот на Кристијано Роналдо во 65 минута, со ова португалецот се запиша во историјата на клубот од Торино како првиот кој постигнал барем по еден гол десет натпревари по ред во Серија А.

На ова Верона одговори со гол на Фабио Борини во 76 минута.

Конечните 2:1 беа дело на ветеранот Пацини кој реализираше од белата точка во 86 минута.

За Јувенутс ова беше трет овосезонски пораз во Серија А, за Верона девета победа по која се искачи на шестото место на табелата.