Вест Хем доживеа вистински шок на патот кон пласман во Лигата на шампионите, откако беа поразени со 3:2 на гостувањето кај Њукасл.

Резултатот во 36-тата минута го отвори Иса Диоп со автогол, водството за Њукасл го дуплираше Жоелитон во 41-та минута.

Во вториот дел за само седум минути Вест Хем израмни на 2:2. Прво стрелаше Диоп, кој врати за автоголот, а потоа во 80-тата минута од пенал прецизен беше препородениот Џеси Лингард.

Сепак, надежите дека можат да дојдат до три бода се срушија за само 2 минути. Во 82-та минута по асистенција на Мет Ричи, прецизен со глава беше Џо Вилок.

По овој меч Њукасл може да се каже го обезбеди опстанокот како се знае дека со 35 бода на 15-та позиција, имаат девет бода повеќе од Фулам, кој е прв под опасната зона. Вест Хем пак има даде шанса на Челзи и Ливерпул да го поминат ова коло на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore