Манчестер Сити го заврши својот настап во Карабао Купот на Англија откако загуби по изведувањето на пеналите од Вест Хем во осминафиналето.

По регуларните 90 минути немаше голови, и покрај тоа што и двете екипи настапија со сериозен состав.

Ливерпул со головите на Минамото и на Орижи го елиминираше Престон со 2:0.

Брентфорд беше подобар од Стоук со 2:1, Тотенхем го совлада Барнли со 1:0. Лестер го совлада Брајтон по пенал рулетот по 90 минути беше 2:2.