Фудбалерите на Вест Хем го совладаа Евертон со минимален резултат (1:0) на гости, во рамките на осмото коло од Премиер лигата.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Анџело Огбона во 74. минута, по корнерот кој го изведе Боуен.

„Чеканите“ штотуку ги прегазија „карамелите“ на табелата и сега се шести, со 14 бода, исто колку и Евертон, но со подобра гол разлика.

Вест Хем на тој начин успеа да слави на „Гудисон“ вторпат по ред, со ист резултат, во истата година.

Вест Хем го очекува градско дерби со Тотенхем во следната рунда, додека Евертон ќе се сретне со Ватфорд.