Фудбалерите на Трабзонспор се едно од најпријатните изненадувања во турското фудбалско првенство.

Денеска тие ремизираа со Газијантеп (1:1) во 25. коло на турската Суперлига и останаа второпласирани на табелата.

Средбата ќе остане запаметена по необичниот гест на играчот за врска на Трабзонспор, Баду Ндиаје, кој од клупата доби инструкција на едно ливче, а откако ја прочита – едноставно ја изеде.