Македонското репрезентативно дуо во екипата на МОЛ Фехервар, Муслиу-Николов се израдуваа на победата над Дебрецин од 2:1 во рамките на унгарското фудбалско првенство.

Македонскиот репрезентативен стопер, Висар Муслиу го посстигна голот за победа во 66 минута и заедно со Бобан Николов на крајот од средбата имаа повод за славање во соблекувалната на МОЛ Фехервар.