Женската фудбалска репрезентација на САД, која од пред неполн месец е водена од македонскиот тренер Влатко Андоновски славеше во пријателски меч против Шведска со 3:2. Светските шампионки по првите 45 минути водеа со убедливи 3:0, но во вториот дел се опуштија, а тоа Швеѓанките го искористија и успеаа да загубат минимално со само еден гол разика.

Carli Lloyd Gets it Started in Columbus

Who else but Carli Lloyd with the opener in Columbus ‼️ That Christen Press assist 🔥.

Gepostet von U.S. Soccer am Donnerstag, 7. November 2019

Ова беше прв натпревар за Влатко Андоновски на селекторската позиција на светските шампионки и се прикажа во одлично светло. Тој во вториот дел им даде шанса на речиси сите фудбалерки кои беа пријавени за овој меч, а првиот тим на САД ја покажа својата сила и моќ во првото полувреме.

Christen Press Gets on the Board Herself!

Assist Queen, Goal Queen. Christen Press can do it all!

Gepostet von U.S. Soccer am Donnerstag, 7. November 2019