Монако успеа да стигне до висока и многу важна победа на гостувањето кај Бордо, со што ја направи битката за титулата во Франција и повеќе од интересна.

Монако поведе во 29-тата минута со голот на Кевин Фоланд, на 2:0 зголеми Желсон Мартинс во 47-та минута, а конечните 0:3 ги постави Јоветиќ во 90-тата минута.

Со оваа победа Монако е на третата позиција со само два бода помалку од лидерот Лил, односно еден помалку од второпласираниот ПСЖ. Јасно е дека во Франција сезонава конечно до последното коло ќе се игра за титулата.

Standings provided by SofaScore LiveScore