Фудбалерите на Ренџерс во голем стил ја освоија титулата во Премиер лигата на Шкотска, а денеска против Абердин ќе имаат шанса да дојдат до стотиот поен во првенството. Колку добар фудбал играат оваа година покажува фактот што вториот Селтик, кој им е најголем ривал, заостанува дури 23 бодови. Да говориме за другите тимови, кои не можат ниту да го помирисаат великанот од Глазгов.

Екипата која од клупата ја води Стивен Џерард играше одличен фудбал и стигна до елиминациите во Лигата на Европа. И се тоа после проблемите поради кои во 2012 година беа исфрлени во четвртата лига во Шкотска. Се тоа успеаја да го преживеат, па да ги достигнат повторно најголемите висини, а сега и од горе да го гледаат ривалот Селтик.

Затоа на улциите во Глазгов во текот на ноќта имаше вистинско шоу приредено до фановите на Ренџерс. Тие решија да ја прослават првата титула по 10 години, така што запалија бакљи долж реката Клајд која тече низ овој град. Глетката беше неверојатна, а ја приредија неколку стотици фанови на овој клуб.

Погледете како фановите на Ренџерс го прославија конечното паѓање на Селтик од тронот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ultras World (@ultrasworld_official)